Милевски: Гледам силна желба и жар во очите на фудбалерите

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во 20.45 часот на Националната арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година против репрезентацијата на Украина.

Селекторот Милевски пред мечот со Украинците вели дека гледа силна желба и жар во очите на фудбалерите.

„Како и секогаш досега, Македонија и на овој дуел ќе оди со максимална желба за успех. Сите се на располагање од повиканите, и верувам дека секој кој ќе се најде на терен ќе знае точно како да го даде максимумот. Од тоа што го видов низ подготовките, гледам силна желба и жар во нивните очи, огромен мотив да докажат уште еден свој квалитет. И тоа навистина ме радува“, изјави Милевски. 

Околу противникот Милевски вели…

„Добро ја анализиравме Украина, јасно е дека ќе биде тежок натпревар, но мора да постои концентрација 90 минути, и ако сакаме успех ќе мора да направиме нешто во офанзива секако, а не само до фокус на одбрана“, дополнува селекторот. 

Се вчитува...