Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го соопшти списокот репрезентативци за престојниот квалификациски натпревар против Австрија кој не очекува на 14. ноември од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Милевски повика 21 фудбалер, главно веќе добро познатите од претходните квалификациски натпревари, со тоа што сега ги нема Елиф Елмас од Фенербахче кој ќе биде приклучен на репрезентацијата до 19 години во квалификациите за ЕП, како и Никола Ѓоргев кој доби повик во сениорската селекција.
Повикани се четири дебитанти, двајца на голманската позиција, Ристе Јанков и Филип Трајчевски, како и Нехар Садики и Влатко Стојановски.
По претходните два порази од Србија и Гибралтар, без сомнение желбата е позитивно враќање на успесите на младите селекции и битка за бодови против Австријците.
СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ДУЕЛ СО АВСТРИЈА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА