Македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот. Ако имаше некакви дилеми пред овој меч, тогаш сите беа отстранети, и не само што не загубија со голема разлика, туку остварија нова победа со чиста мрежа.
Проблем уште на самиот старт од мечот беше повредата на Елиф Елмас поради која мораше да го напушти теренот.
„Жал ми е што Елмас не можеше да продолжи, но од друга страна горд сум што Македонија има таков карактер и фудбалер да преземете ризик со таква повреда да излезете и да играте и сите треба да сме горди на него. Деталните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата, но има проблем со задната ложа“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА