ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
Терен со вештачка трева, силен ветер и температура од 10 степени, што е сосема различно од Скопје ги чека утре репрезентативците на Македонија на дуелот со Фарски Острови.
За условите се зборуваше и на официјалната прес-конференција во Торшавн на селекторот Благоја Милевски и на капитенот Енис Барди.
Тие рекоа дека прилагодувањето не оди лесно, но дека ќе мора сите да се прилагодат на ваквите услови.
„Не е лесно да се адаптираш на плус 35, на 25 степени помалкуи. Но што е тука, мораме час поскоро да дадеме се од себе да се аклиматизираме, и затоа дојдовме вчера, и затоа беше вчерашниот тренинг. Вештачка трева е предност за домаќинот, но мораме да се адаптираме на сите услови кои не очекуваат, и да се прилагодиме на тоа и да го наметнеме нашиот квалитет кој го посадуваме“, рече Милевски.
„Условите како за нас, така и за нив. Мислам дека сме подготвени да дадеме се од себе и да победиме“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА