Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Русија, што ќе се одигра на 23.март во комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Селекторот Благоја Милевски се реши да го реновира делумно составот, откако истакна дека одредени фудбалери немале соодветен однос кон дресот со националниот грб. Од новоизбраните се очекува да се покажат во многу подобро издание против „зборнаја“.
Русија е селекција која во овие квалификации има три победи, едно реми и пораз. Од тој аспект важи и за умерен фаворит во пресрет на мечот в петок. Но, селекторот Милевски и фудбалерите градат соодветна тактика и ќе се обидат да остварат позитивен резултат на овој дуел. На 27.март, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе гостува во Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА