Милевски и Канатларовски, заедно со Слуцки и Станојевиќ, гости на семинарот на ФСЦГ во Анталија (ФОТО)

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и преводникот на репрезентацијата до 21 година, Драган Канатларовски на покана од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора во Анталија го следеа семинарот за стекнување на тренерска УЕФА Про-лиценца организиран од Фудбалскиот сојуз на Црна Гораво Анталија.

Познатите тренерски имиња Леонид Слуцки (Рубин) и Александар Станојевиќ (Партизан), исто така беа гости на семинарот за тренери.

Милевски и Канатларовски деновиве престојуваат во Анталија каде ги следат сите натпревари на македонските тимови кои своите подготовки ги одработуваат во Турција.

Се вчитува...