Милевски: И за нас и за Украина ова е клучен меч, двете селекции ќе сакаат победа

Благоја Милевски, селекторот на „А“ репрезентацијата денеска го објави списокот на фудбалери за дуелите со Украина и со Ерменија.

Милевски за почеток кажа за ситуацијата со Дарко Чурлинов, кој доби повик, на сметка на Илија Несторовски кој овојпат нема да биде во селекцијата.

„Тие се што и беа претежно на последниот собир, тука е со нас сега и Дарко Чурлинов, кој веќе имаше и настап за У23 тимот на Барнли, одигра квалитетни 30 минути, ме радува што е на располагање да се приклучи“, изјави Милевски.

Тој кажа дека натпреварот со Украина е еден од клучните во овие квалификации, со оглед дека само победа за едната или другата селекција ги остава во игра до крајот на квалификациите.

„Веќе влегуваме во завршните натпревари во овие квалификации, и што се однесува и до нас и до Украина, само победа и на двете селекции е во оптек, и да се најдеме во добра ситуација. Затоа очекувам еден отворен натпревар, затоа што нерешено не одговара. Потоа ни остануваат уште два меча со Италија и со Англија. Се надевам на се најдобро“, вели Милевски.

Селекторот кажа дека добро е анализиран натпреварот со Украина во Скопје, и тие завршни 30 минути во кои Украина од 2-0, стигна до победата.

„Секако дека се анализирани тие завршни 30 минути, и не еднаш, туку повеќе пати. Воочени се аномалии, во функција на она што планираме и како планираме е списокот и повиканите играчи, но ќе мораме многу работи да поправиме од тој натпревар“, вели Милевски.

Се вчитува...