Успешна 2024 година: На прагот од нов бараж за Мундијал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација на најдобар можен начин ја затвори годинашната Лига на нации убедливо освојувајќи го првото место во групата со историски највисока бодовна залиха во историјата од 16 бода.

Сето тоа како прва селекција која си обезбеди повисок ранг на натпреварување во иднина во Лигата на нациите, но пред се изборувајќи со можност и за втор едноподруго бараж за пласман на Светското првенство 2026.

Селекторот Благоја Милевски, и „златните момци“ кои ја градат новата национална селекција, со денешната победа над Фарските острови имаат повеќе од реални можности, и покрај тоа што ги очекуваат од март следната година и регуларните квалификации, вторпат едноподруго да се изборат за мундијалски бараж. Четири селекции преку Лигата на нациите ќе изборат место во баражот, ако се знае дека огромни се шансите за најдобрите репрезентации од А и Б-лигите преку регуларните квалификации да изборат директно место на СП 2026, јасно е дека Македонија како една од најдобрите првопласирани селекции од Ц-лигата има огромна шанса за бараж за Мундијал…

 

 

Се вчитува...