Милевски: Играме против една од најдобрите светски селекции, да уживаме, но и да видиме до каде сме

Македонската репрезентација утре во 19 часот ја очекува пријателски натпревар против Хрватска во Ријека. Националите се веќе таму, а денеска традиционално на ден пред натпреварите, ја одржаа и прес-конференцијата, на која селекторот Благоја Милевски ги искажа своите очекувања.

Милевски кажа дека сите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот против селекцијата, која, според него е меѓу најдобрите пет во Светот.

„Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое го гледам во последните денови е дека сите се расположени да го дадат својот максимум. Кога играте за својата држава, мора да сте на повеќе од максимумот, така ќе биде и секогаш. Императив е да видиме до каде сме, во која насока и што треба да поправиме пред септемвриксиот циклус“, изјави Милевски.

Се вчитува...