Селекторот Благоја Милевски, по поразот од Саудиска Арабија во Прага рече дека имало моменти од кои може да се извлечат поуки за следните предизвици на македонската репрезентација.
Милевски кажа дека Македонија добила плус двајца играчи, и дека овој меч бил квалитетен.
„Има моменти кои ме прават да бидам задоволен и покрај поразот. Затоа што имавме и потребен експеримент со стартниот состав и со измените. Но, добивме плус двајца играчи. И претходно кажав дека таргет во овој прозорец ни е Лихтенштајн, и одигравме добар натпревар, со квалитетен противник и можам да бидам задоволен“, рече Милевски и додаде:
„Јас сум среќен што можам да работам со вакви фубдалери, секоја замисла ја пренесуваат на теренот, и се адаптираат многу брзо и на промена на формација, и на промена на ритам, без разлика на различните задачи кои ги добиваат. Затоа, кога се ќе се сумира може да бидеме задоволни од една ваква проверка“, изјави Милевски.
Потоа се осврна и на следниот меч во недела, во рамките од квалификациите.
„Ќе бидеме на нашиот максимум со Лихтенштајн“, заврши селекторот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

