Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, денеска на прес-конференција кажа дека македонската селекција има проблеми со играчкиот кадар пред утрешниот меч со Гибралтар.
Милевски потврди дека Трајковски нема да игра, и дека Елмас е крајно неизвесен за настап, додека неколку играчи имаат настинка и ќе мора да се чека до крај околу составот на Македонија.
„Што се однесува до играчите, во моментов можам да кажам дека Трајковски нема да биде во комбинација, Елмас под знак прашалник. Неколку играчи поради настинка се дискутабилни. Голем број на играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено ќе мора да почекаме да видиме со кој тим утре ќе истрчаме. Како ќе го одиграме натпреварот не треба да се поставува прашање. Наша обврска е секогаш да бидеме на ниво и да го даваме нашиот максимум. Имаме максимален респект кон секој противник а тоа се однесува и на утрешниот натпревар“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА