Благоја Милевски, селекторот на македонската репрезентација на прес-конференцијата после натпреварот видно задоволен од настапот на селекцијата и убдливата победа од 5-0 против Лихтенштајн.
Предводникот на Македонија истакна дека максимално сериозниот пристап придонесе за ваков резултат на крајот од мечот.
„Честитки до противникот и до нашите фудбалери за сето она што го покажаа, пред се за сериозноста, професионалноста и пристапот на денешниот натпревар. Не случајно изгледавме така како што изгледавме, затоа што имаме максимален респект кон секој противник и тој пристап ќе не краси и во иднина“, ја почна прес-конференцијата Милевски, и веднаш притоа додаде:
„Лихтенштајн одигра онолку колку што му дозволивме ние. Доминиравме во сите сегменти, и многу малку простор имаше противникот за игра вечерва“, вели селекторот на Македонија.
Милевски рече дека подготовката за секој натпревар е иста, без разлика кој е противникот на нашата селекција.
„Следниот натпревар против Белгија на менито е прв, подготовката дали за Белгија или Лихтенштајн нема никаква разлика дека максимално сериозно пристапуваме кон секој противник“, вели селекторот.
„Главната цел ни беше да останеме на првото место, што е постигната. Што се однесува головите, ме радува начинот на кој беа постигнати, и начинот на кој самите играчи се однесуваа на теренот, и начинот на кој изразија почит кон противникот, сето тоа е резулатт и играта, и головите и пристапот се резултат на професионалноста на играчите“, додаде селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

