Милевски: Ќе ги стартуваме квалификациите успешно само ако бидеме на нашиот максимум

ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања од првиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското пренството 2026 година во Канада, САД и Мексико.

Милевски рече дека Македонија сака да ги стартуваме квлификациите со победа, но очекува максимален пристап од играчите.

„Би било добро да ги стартуваме овие квалификации со победа, но може да се надеваме на такво нешто, само и само ако бидеме на нашиот максимум. За Лихтенштајн, секој тренер има своја визија, има добра работа нивниот селектор. Верувам дека ќе имаме максимален пристап на утрешниот натпревар“, изјави Милевски.

Тој кажа дека го знае составот за утрешниот меч.

„Првиот план ни пропадна, со оглед дека се појавија повредени играчи. Го имам составот во глава, знам кои 11 ќе истрчаат утре на теренот протов Лихтенштајн“, рече Миелевски.

Се вчитува...