ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
Четвртиот настап во Лигата на Нации, Македонија го почнува од Тошавн, каде што утре од 15:00 часот игра против Фарски Острови. Незгодната селекција на Фарски ќе биде првиот противник, во желбата да се стигне до трите бода од овој меч.
Македонија не ја прифаќа фаворитската улога на овој натпревар, и селекторот Благоја Милевски истакнува дека домаќинот е сериозна селекција.
„Не се согласувам дека не очекува лесен натпревар, особено што се работи за прв меч во оваа Лига на Нации, и секој прв натпревар и тоа како тежок. Се работи за дисциплиниран противник, и имаме максимален почит и кон Фарски Острови и кон сите противници. Имаме цел да ги завршиме на првото место овие Лига на Нации. Како ќе го направиме тоа, ќе го видиме во текот на овие натпревари“, изјави селекторот Милевски.
Милевски рече дека Македонија мора да биде на максимум за да стигне до трите бода.
„Македонија треба да биде на својот максимуим. Се работи за сериозен противник кој во минатото издание на Лигата на Нации ја победи Турција, што не е мала работа. Согласно на она што го видовме на оној пријателски натпревар во Скопје, навистина треба да бидеме максимум“, изјави предводникот на македонскиот национален тим.
Македонија треба да биде на подобро ниво од противникот, ако сака да победи, изјави Милевски.
„Напоменав дека се работи за доста дисциплиниран противник. Негува фудбал со доста трка и доста агресија, и тие моменти мораме да ги имаме во нашата игра и мораме да бидеме на исто ниво за да дојде нашиот индивидуален квалитет кој е во наша полза. Во спротивно ќе имаме доста проблеми, но верувам во моите играчи што го покажуваат на овој собир и верувам во нината енергија која ја имаат и дека таа енергија ќе не донесе до трите бода“, вели Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА