Македонија одигра реми 1-1 против Белгија во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Одигравме реми против моќната Белгија, но Македонија стана репрезентација која може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по мечот изјави дека мора да бидеме задоволни од бодот, но дека ќе биде залуден ако не победиме против Казахстан.
„Нема што да жалам за резултатот, Македонија покажа дека може да се носи со најдобрите во Европа, Македонија во последно време функционира како тим и доказ се последните резултати. Но, мораме се да оставиме зад нас бидејќи за два дена не чека Казахстан.Кога имате пред себе противник како Белгија која е фаворит број еден во нашата група составена од играчи кои се меѓу најдобрите во светот секако дека претставува задоволство за тоа како изгледаше Македонија вечерва. Не можам да бидам незадоволен од тоа како изгледавме. Но, морам да повторам дека нема да ми значи ништо овој резултат ако не одиграме како што треба во понеделник со Казахстан. Затоа мора максимално да се сконцентрираме за тоа што не чека“, изјави Милевски.
Тој говореше и за ситуацијата во квалификациската група.
„Во моментов не ни недостигат ни двата бода со Велс, нит ништо друго. Се што одигравме е зад нас и не се навраќаме назад одиме само напред. На крај на квалификациите ќе видиме кој што и колку ни недостига“, заврши Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

