Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот за одлучувачкиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико, како и за пријателскиот дуел против Летонија во Скопје.
Тој пред мечот со Велс изјави дека се свесни за сериозноста и предизвикот кој го носи мечот со Велс.
„Тоа што не очекува во наредниот период мислам дека сите сме свесни за сериозноста на предизвикот што е пред нас и мислам дека ќе имаме добри подготовки за одлучувачкиот меч против Велс. Немав замерка за моите фудбалери по мечот за Казахстан. И тогаш коментирав дека сум задоволен од сите фудбалери кои беа во тимот. Мечот со Летонија ќе ни послужи за Велс, но да можам да бирам не би го одбрал. Сепак обврска е од УЕФА и мора да имаме барем десет меча во годината. Ќе ни помогне како подготовка за да добијат минутажа фудбалери кои што не се редовни во репрезентацијата. Ќе пробаме и некои замисли, така да може да кажам дека и тој меч ќе биде важен за нас и за ранкинг бодови за наредниот циклус квалификации“, почна Милевски.
Тој дополнува дека на секој меч неговите фудбалери одат максимално.
„Не само против Велс ние одиме од секој меч да извадиме максимум. Одиме да играме фудбал и да покажеме дека не е случајно тоа што Македонија е конкурентна и дека не е случајно што вторпат по ред сме во бараж за Светско првенство. Одиме да уживаме и да покажеме дека Македонија не случајно е таму каде што е. Ментално и тактички мора да се подготвиме само за победа против Велс, калкулации не ни се потребни“, дополни Милевски.
Околу отсуството на Алиоски…
„Џани е исклучително важен играч за нашиот тим, но од друга страна ова е шанса за некој од другите фудбалери да покаже дека со право е во репрезентацијата и дека има потенција за големи места“, заврши Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

