ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Македонската фудбалска репрезентација во Малта утре го игра петтиот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП. Досегашниот биланс е една победа, едно „реми“ и два порази, а овој натпревар е многу важен за продолжението на циклусот за пласман на собирот на најдобрите европски селекции во Германија идната година.
Селекторот Благоја Милевски се соочи со проблем со отсуството на Столе Димитриевски, голманот кој се повреди на дуелот со Италија, па мораше од Македонија да стигне нов чувар на мрежата во името на Давор Талески од Шкендија.
Сепак, Милевски на денешната прес-конференција кажа дека ремито со Италија е веќе зад Македонија и дека сега следува нов натпревар, нов предизвик а тоа е тимот на Малта.
„Италија е веќе зад нас уште по завршување на натпреварот, ние веќе почнавме како подготвка на Малта и се надевам дека ќе бидеме подготвени за она што претстои. Малта покажа дека е квалитетен тим, доста компактен и организиран, и не намачи во Скопје. Нималку не смееме да се опуштаме, но максимално сериозно да пристапиме на овој натпревар. Овој меч можеби ни е најважен во овие квалификации. Момците се свесни што се ни значи овој натпревар, и да ја задржиме оваа позитивна енергија за овој собир да ја градиме и тој тимски дух кој не красеше да ни биде пракса и во иднина“, рече Милевски.
Тој кажа Италија е различен противник од Малта и дека се очекува сосема различен натпревар.
„После тој даден гол противникот можеби малку ни остави простор на игра. Италија е различен противник, различни принципи на игра, така што ќе видиме како ќе изгледа Македонија на утрешниот натпревар“, вели Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА