Селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, Благоја Милевски го соопшти списокот фудбалери за престојниот меѓународен турнир во Анталија, на кој Македонија ќе игра со Словачка, Бугарија и Казахстан.
Милевски вели дека турнирот ќе биде филтер околу изгледот на тимот за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП кој стартува во септември. Шанса ќе добие буквално секој повикан фудбалер…
„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации. Она што е битно за мене е играчите да имаат минутажа во своите клубови и тоа ќе биде пресудно за формирањето на составот на квалификациските натпревари за ЕП. На оние позиции каде што имаме избор предност секогаш ќе добиваат фудбалерите кои се стандардни во своите клубови. Во однос на Владан Новевски, наше е да кажеме дека фудбалерот на Војводина уредно беше поканет за нашите натпревари во Анталија, но неговиот родител не извести дека желба на неговиот син е да игра Србија“ – изјави селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, по објавувањето на списокот за Анталија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА