Благоја Милевски, селекторот на македонскиот национален тим ги искажа очекувањата од утрешниот натпревар со Гибралтар, во рамките од 4. коло во Лигата на Нации. Претходно селекторот напомена дека Македонија се соочува со проблеми со составот, со оглед дека Трајковски нема да игра, Елмас е неизвесен, а неколкумина имаат настинка и се исцрпени.
Потоа го анализираше последниот натпревар со Грузија и кажа дека играчите во нападот треба да бидат поконкретни во завршницата.
„Последниот натпревар одигравме 60 мин на високо ниво но ни фалеше тој завршен пас. Мора да бидеме поконкретни во последната линија. Доминантни сме имаме посед, но во таа завршна фаза мора да бидеме поконкретни. Зошто го немаме тој момент има голема улога и формата на самите играчи. Тие се играчите исти кои постигнувале и по пет и по три бода. Факт е дека ни недоасуваше тој момент“, изјави Милевски.
Селекторот напомена дека сите ќе добијат шанса кои се повикани.
„Сите што се повикани ке добијат шанса,а тоа се однесува и за Етеми. По последните случувања сите се во комбинација и сигурно и Ваљон ќе добие шанса на утрешниот натпревар“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА