Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, денеска во хотелот „Александар Палас“ ги собра младите репрезентативци кои во наредните денови ќе се подготвуваат за квалификацискиот натпревар против Австрија на 14 ноември. По оној непријатен пораз од Гибралтар, тој очекува неговите избраници да покажат квалитет на дуелот со Австрија, што ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје.
„Гибралтар е зад нас, да го заборавиме, и да се фокусираме на тоа што не очекува. Верувам дека сите фудбалери се мотивирани да покажат дека имаат несомнен квалитет, а тоа треба да го демонстрираат на теренот. Австрија е квалитетна селекција, но ние размислуваме за нашиот приод и нашата игра, и секако дека доколку бидеме оние вистинските, можеме да оствариме позитивен резултат“, вели селекторот Милевски.
Проблеми од здравствена природа имаат играчот од средниот ред Енур Тотре, но докторскиот тим прави напори да го оспособи за настап на дуелот против Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА