Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски не го криеше задоволството од извонредниот старт на новата генерација млади фудбалери во новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија.
Македонија во Ереван славеше убедливо со 0-3 против Ерменија, сето тоа за огромно задоволство на стручниот штаб и Милевски, кој не ги штеди и пофалбите за своите избраници…
„Мора да кажам дека одигравме навистина одличен натпревар, а момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат максимално конкурентни и во овој квалификациски циклус. Може само да им честитам на начинот на кој одиграа во Ереван, и да кажам само едно големо БРАВО“ – изјави за ЕКИПА веднаш по натпреварот во Ереван, селекторот Благоја Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА