Милевски: Најмногу сум разочаран од резултатот

ЕКИПА во Прага, Чешка
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски

Селекторот на македонскиот национален тим Благоја Милевски, на прес-конференцијата по мечот не го криеше своето разочарување од поразот од Украина.

Милевски кажа дека е горд на фудбалерите за играта, и жали за неискористените шанси, после кој поразот е неминовен.

„Пред се честитки за двете репрезентации за она што го покажаа. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа во мечот. И Украина и Македонија покажаа дека играат добар фудбал. Горд сум на моите момци на начинот на кој го одиграа. Реакцијата после примениот прв гол беше одлична. Во вториот дел направивме измени, што резултираше да бидеме доминантни, за жал не ги искористивме шансите, и кога тоа ќе се случи, неминовен е поразот“, изјави Милевски.

Селекторот кажа дека е разочаран од резултатот, и дека првичниот план не функционирал, па морал да бара друго решение.

„Секогаш кога се почнува натпревар, имаме план А, Б и Ц. Првичниот план не функционираше, примивме среќен гол, после тој гол спонтана беше реакцијата на моите играчи на начинот на кој реагираа, направивме во првиот дел 3-4 шанси за гол, разочаран сум најмногу од резултатот, после ваква игра и толку шанси.“, рече Милевски.

Предводникот на националниот тим објасни зошто Алими не доби шанса да игра во првите 11.

„Овој почетен состав реагираше одлично против Италија. Украина и Италија играат сличен систем формациски и играчки, и затоа се одлучив за истиот тим да бидат стартери, што ќе кажам дека во дефанзивниот дел одговорија во ред, и од тој аспект сум задоволен. Текот на натпреварот беше таков каков што беше, одлучив да смениме формација и играчи, и тоа се покажа одлично“, вели селекторот.

Се вчитува...