Селекторот Милевски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за натпреварите со Украина и со Англија на 16 и на 19 јуни.
Милевски рече дека е свесен за формата и минутажата, но дека морал да прегази преку некои принципи и да повика играчи кои немаат или имаат мала минутажа во своите клубови.
„Муслиу ги одигра последните мечеви и ќе биде се во ред. Неблагодарно е во моментов да се бара некаква форма и минутажа затоа што играчите се тие. Морам да погазам некои свои принципи и да одам контра она што го кажав дека само ќе играат оние со минутажа во клубовите. Ако е така, треба да се откажеме од 70% од репрезентативците. Само против Португалија одигравме во целосен состав и онака како што замислував. На сите други натпревари некој недостасуваше. Нема да се жалиме, нема да кукаме туку мораме да се адаптираме на ситуација“, кажа Милевски.
На прашање зошто не смета на голманот на Струга ТЛ Ведран Ќосевски, Милевски одговори:
„Секој на свој начин гледа на нештата. За мене во моментов Игор Алексовски е подобар голман од Ќосевски“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА