Милевски: Нема потценување на Гибралтар, фаворитската улога се потврдува на терен

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски потенцира дека не смее да има потценување на селекцијата на Гибралтар доколку сакаме да стигнеме до посакуваните три бода во квалификациите за ЕП 2019.

Фаворитската улога која ја носиме ќе треба да ја потврдиме на терен…

„Иако сме фаворити на хартија, сепак не смееме со потценување на противникот да му пристапиме на утрешниот натпревар… Нема лесен противник во денешно време. Затоа мора да дадеме максимум како и за секој друг натпревар доколку сакаме да дојдеме до посакуваните три бода. Ова е исклучително важен натпревар за нас, затоа што мора да демонстрираме надмоќ и квалитет, а триумфот сите го очекуваат“ – вели Милевски пред утрешниот дуел.

Македонската селекција под идеални услови ги одработува тренинзите пред мечот на југот од Португалија каде и ќе се игра средбата.

Гибралтар и Македонија утре со почеток од 17 часот ќе играат на стадионот „Алгарве“ во близина на Фаро, на југот од Португалија.

Се вчитува...