Милевски очекува различен натпревар од ремито во Скопје

ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев

„Очекувам сосема различен натпревар од оној во Скопје, можеби не толку тактички, но друг тип на играчи, особено ќе ги нема Лукаку и Тилеманс, но Македонија ако сака да извлече поволен резултат треба да биде на уште повисоко ниво, отколку на натпреварот во Скопје“.

Ова го изјави селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција пред мечот со Белгија во Гент, кој „црвено-жолтите“ го очекуваат од прото место во групата.

Милевски вели дека сега, пред крајот на квалификациите, мора да биде подигнато и нивото на форма.

„Како се движи финишот на квалификациите, мора сите да го подигнеме нивото на форма ако сакаме да бидеме конкурентни до крајот. Главната цел кога почнав да работам во Федерацијта најпрво како селектор на младите, беше да се создаде тимот да биде конкурентен со најдобрите во Европа. Можеби не со топ 5 репрезентации, но со останатите да. Резултатите во последните години покажуваат дека одиме во добра насока“, изјави Милевски.

Се вчитува...