Селекторот на младата репрезентација, Боби Милевски вели дека неговите избраници се подготвени за мечот против Ерменија. Задоволен од досегашниот тек на подготовките, Милевски очекува позитивен почеток на квалификациите за следното ЕП.
„Што се однесува до подготовките кои се при крај, денес ни е последниот тренинг тука во Скопје, утре патуваме за Солун, потоа за Еревaн каде ќе треба да го одиграме мечот со Ерменија. За жал имаме проблеми со здравјето на Кулески, кој е вон тренажен процес, не се знае дали ќе биде подготвен. Но, верувам во сите оние кои ќе добијат шанса за настап, дека ќе дадат се од себе. Подготовски засега добро поминуваат, задоволен сум од напредокот. Репрезентацијата на Ерменија е доста сериозен противник. Имаат агресивна игра, тактички се добро подготвени, па ќе мора да бидеме маклимално посветени на средбата ако сакаме триумф“, вели Милевски.
Селекторот е задоволен и од новите младинци кои ќе треба да ја наследат „златната“ генерација. Милевски вели дека има добар впечаток од пријателските средби на кои забележаа три победи и две реми.
По завршувањето на ЕП во Полска регрутиравме нова генерација. Одигравме пет пријателски меча, од кои извлековме три победи и два нерешени резултати. Тоа е многу добар учинок, и дава една слика дека и новата генерација е подготвена да се надигрува и за следните првенства, а тоа многу ме радува“, додаде селекторот Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА