Македонската експедиција со чартер – лет од Палермо се врати во Скопје, каде во следните два дена ќе ги мине подготовките пред тргнувањето на пат за Порто и финалето од баражот за СП против селекцијата на Португалија.
Селекторот Благоја Милевски потенцираше дека желба за победа мора да постои на секој натпревар, но и дека триумфот над Италија не значи дека сега треба да се стане препотентен.
„Секоја чест до сите што настапија и беа дел од тимот. Притисок секогаш постои, но ние во секој меч влегуваме со мисла да победиме, во спротивно не би се занимавале со спорт. Македонија е мала земја, а наша цел е да се приближиме до најдобрите во Европа. Овој резултат во Италија е мотив плус, потврда дека сме на вистински пат, исто како и претходните резултати од изминатите месеци“, истакна Милевски по слетувањето во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА