ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев
Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, ги одреди стартните 11 за дуелот со Грузија вечерва во Тбилиси. Милевски се одлучи да ја смени тактиката, и да игра со тројца стопери, односно со формација 3-5-2.
Димитриевски ќе ја чува мрежата на Македонија, додека стопери ќе бидат Висар Муслиу, Дарко Велковски и Ѓоко Зајков. Во средниот ред на крилните позиции Езџјан Алиоски и Стефан Ашковски, и тројца во средината Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас.
Во нападот тргнуваат Бојан Миовски и Милан Ристовски. Милевски се реши на клупата да го остави Алекс Трајковски кој има температура, додека Велковски, кој се пожали на повреда вчера, сепак, ќе биде меѓи првите 11.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
