Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за пријателскиот натпреварот против Финска кој ќе го одиграме во Трнава, Словачка на 6. јуни. Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски се соочува со проблеми во составот, откако поради повреда подготовките и контролната пресметка против Финска ќе ја пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравче, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар).
Тројцата фудбалери денеска беа на дополнителни лекарски испитувања, а медицинскиот тим во репрезентацијата потврди дека не се во можност за настап за дуелот со Финците. Предводникот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски во составот дополнително ќе вклучи фудбалер(и) од селекцијата до 19 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА