По успешниот старт на квалификациите за Европското првенство и победата против аутсајдерот во групата Ц, Малта (2-1) фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува пријателски меч против Фарски Острови.
Селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција пред мечот вели дека Македонија на секој натпревар оди на победа.
„Целта на Македонија на секој натпревар е да победи. Не верувам дека ќе биде нешто поразлично на утрешниот меч со Фарски Острови. И сите што се присутни во репрезентацијата ќе бидат во комбинација за утрешниот натпревар. Ќе се обидеме да дадеме минутажа на оние кои помалку ја имаат и со тоа да имаме една слика на кого можеме да сметаме во иднина. Зајков поради повреда како и Муслиу кој доби поштеда да се врати во германски Инголштад нема да бидат дел од овој меч сите други се во комбинација“, изјави Милевски.
Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА