Милевски: Овие фудбалери се најдоброто што го има Македонија во моментов

Македонската репрезентација ја совлада Ерменија на контролниот натпревар одигран во Струмица со 3-1. Можеби не ја надигра во целост, но избраниците на Благоја Милевски ги искористија шансите и дојдоа до убедлив триумф.

Селекторот на „црвено-жолтите“ Боби Милевски по мечот вели дека е задоволен од тоа што го прикажаа сите фудбалери.

„Морам да бидам не само задоволен туку и среќен за момците кои го стартуваа овој меч. Осум нови играчи од мечот со Украина и двајца дебитанти. Морам да кажам дека сум презадоволен за тоа што го покажаа на теренот и покажаа дека со право се тука и со право ќе бидат и во иднина бидејќи имаат квалитет и во следните натпревари“ вели Милевски. 

За целиот циклус и мечевите во септември и октомври селекторот вели…

„Фудбалерите и ростерот е тој што го имаме според мое мислење и мислењето на мојот стручен штаб. Тоа е  тоа што го има Македонија во моментов, плус уште еден двајца фудбалери. Без разлика што се работи за пријателска, Ерменија е и тоа како квалитетен противник и затоа против нив сакав да видам на кого можеме да сметаме. Ова се момците што ги имаме и мислам дека од меч во меч покажуваат се поголем квалитет. На сите нас е да ја зачуваме таа енергија“, заврши Милевски. 

Се вчитува...