Милевски: Овие момци испишаа нова историја, познавајќи ги знам дека тука нема да застанат

Македонија победнички го заврши најновиот циклус во Лигата на Нации. Со триумф над Фарски Острови, и во меч во кој по петти пат по ред дојдовме до победа и тоа без примен гол, Македонија со 16 бодови ја заврши групата, и сега ќе чека исход од другите групи за баражот за пласман на идниот Мундијал.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по мечот изјави дека е горд на неговите фудбалери.

„Честитки за моите фудбалери за сите историски страници кои ги испишаа. Познавајќи ги тие нема да застанат тука и мислам дека и во следниот период ќе продолжат во оваа насока. Ќе се навратам пред почетокот на Лигата на нации и евроквалификациите. Бевме во група со репрезентации од кои дури три играа на ЕП. Начинот на кој одигра Македонија без разлика на поразите од Украина и Англија, бевме конкурентни на секој меч. Момците на начинот на кој што играа покажаа дека имаат квалитет и потенцијал и на повисоко ниво од тоа што сме сега. Одлучив да играме силни контролни натпревари со две учеснички на ЕП, Чешка и Хрватска. Сето тоа што го видов од фудбалерите на тие два натпревари, свесен сум дека имаме потенцијал“, изјави Милевски. 

Тој повторно говореше и за ситуаицјата на теренот на арената „Тодор Проески“….

„Со оглед на тоа што се соочуваме кога играме надвор од Македонија многу сме назад што се однесува до теренот за игра. Овие момци заслужуваат далеку подобро услови за игра, мислам на теренот. Се друго е супер и изразувам благодарност за условите и логистиката до ФФМ. Што се однесува до теренот ја искористувам оваа прилика да упатам апел за тоа кој е надлежен да се среди целата ситуација. Многу е полесно да играш на ваков терен ако се браниш како нашите противници денеска и на минатиот натпревар, но многу е тешко да креираш. Никогаш досега не сум го посочил ова, но мислам дека е крајно време ако не друго да погледнеме во соседството какви услови за игра имаат, па да најдеме начин да ги подобриме“, изјави Милевски. 

Се вчитува...