Милевски: Овие момци заслужуваат почит од сите, некој треба да се запраша зошто играат на вака очаен терен!

Македонскиот селектор Боби Милевски очекувано презадоволен од историскиот резултат на националниот тим кој не однесе до ранг повисоко во Лигата на нации, но и со огромна надеж за бараж за Светското првенство 2026.

По победата над Фарските острови, Македонија убедливо со 16 бода ја заврши групата во Лигата на нациите, за што Милевски

„Бевме смесни дека не чека тежок, цврст и позгуснат противник и од Летонија. Максимална честитка за момците и максимална почит од сите нас. Ова што го прават за Македонија и за националниот дрес заслужува вистинска почит од сите во државата. Затоа, досега не сакав воопшто да зборувам за да не се мисли дека предвреме бараме некакво алиби, но ги повикувам сите оние кои се надлежни да поведат сметка за условите кои им се овозможуваат на репрезентативците, затоа што теренот е навистина во катастрофална состојба кој и тоа како ни отежнува кога играме на домашен терен“ – истакна по мечот селекторот Милевски, притоа дополнувајќи:

„Кажав уште пред една година дека почнавме да градиме една репрезентација која има иднина пред себе. Изградивме еден чекор напред и секако имаме уште за работа, но веќе се знае ликот кон кој треба да цели и сега и во иднина националниот тим. Токму овие историски резултати, сите рекорди кои се соборуваат доволно зборуваат“.

Се вчитува...