Милевски: Победите секогаш се императив, сакаме триумфално да ја завршиме Лигата на нации

Милевски се одлучи да повика двајца дебитанти Фета и Алчевски, и да го врати во националниот тим Сефер Емини.
Предводникот на националниот тим истакна дека проблемите со составот продолжуваат, со оглед дека Костадинов ќе го нема, а неизвесни за настап се Муслиу и Трапановски.
Тој кажа дека секој бод и секој гол е важен и дека победата е императив и на двата меча.

„Никако не можеме да се потпираме на некоја форма на одредени репрезентативци. Факт е дека поминавме многу тежок период со минутажата на нашите играчи во клубовиге. Се надевам дека ќе одиме во нагорна линија. Сепак кога настапуваат за Македонија сето тоа е неважно и е настрана бидејќи тука се нови предизвици кои момците ги исполнуваат и даваат и повеќе од максимум. Секогаш кога играат во дресот на Македонија момците не штедат ни срце, ни енергија. Тоа го покажале многупати досега и знам дека така ќе биде и сега“.

Се вчитува...