Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави спосокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Ерменија кој на 5. септември го играме на гостински терен во Ереван.
Милевски по големиот успех со претходната генерација млади фудбалери и настапот на ЕП во Полска, сега стартува нов пат со новата генерација предводена од Петковски, Костадинов, Попзлатанов, Селмани, Чешмеџиев…
Македонија е во Групата 7 во квалификациите за ЕП 2019 во Италија, заедно со селекциите на Австрија, Ерменија, Гиблартар, Русија и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА