ФОТО: Милевски подготвува неколку измени, дилемата е на бековските позиции

ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев

Македонскиот национален тим, денеска во 15:00 часот од Торшавн во Фарските  Острови го стартува четвртото издание во Лигата на Нации, кое на крајот може да донесе пласман на Мундијалот во 2026 година. Токму тоа е најголемиот мотив за нашата селекција да го обезбеди првото место во оваа група, во која се уште и Летонија и Ерменија.

За првиот меч во овој сегмент, Благоја Милевски подготвува неколку измени. Најголемата дилема се бековските позиции, односно дали селекторот на македонскиот национален тим да му даде предност на Алиоски, кој нема клупски натпревар долго време, или таму да оди Димоски. Исто така дилемата е дали на десната бековска позиција ќе оди Ашковски, или, пак, шанса ќе добие Иљазовски.

Средниот ред, најверојатно, ќе биде сочинет од Барди, Алими и Костадинов, додека на крилните позиции се очекува да дејствуваат Еламс и Чурлинов, кои ќе му помагаат на Миовски во нападот. Стандарно на голот се очекува да стартува Столе Димитриевски.

Се вчитува...