Селекторот Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за престојните натпревари против Малта и Фарски Острови.
Милевски за престојниот дуел со Малта кажа дека аутсајдери во денешниот фудбал нема и дека тоа е селекција која мора да се респектира, а Македонија да го покаже својот квалитет на терен.
„Аутсајдери во денешниот фудбал нема и не постојат. Било кој да е, квалитетот сопствен треба да го покаже и докаже на терен. Поквалитетни сме и индивидуално и како тим, но треба тоа да го докажеме на терен. Очекувањата се тие. Кога има некој одреден квалитет, и кој сте го докажале во минатото јавноста очекува да бидете на ниво, и тоа ме радува, и ќе дадеме се од себе да ги почнеме со успешен настап и резултат овие квалификации“, рече Милевски.
Селекторот кажа дека не е задоволен од моменталната форма на играчите, и минутажата во клубовите.
„Особено носителите на игра во минатите квалификации за СП и во Лигата на нации имаат проблеми со минутажа и настапите, да не зборуваме за натпреварувачка форма, но најважно е во овој момент да бидат сите здрави и да се стават во функција на тим. Ростерот е тој, изборот е тој. За жал не можеме да сметаме на повредените Костадинов, Серафимов и Дориев кој го нема да биде способни да бидат. Спировски и Николов поради слаба форма нема да бидат дел од тимот. Здравковски заслужи повик да видиме дали ќе може да ни помогне во овој момент“, изјави Милевски кој потоа се осврна на првиот противник во квалификациите.
„Малта со победата над Израел и со нерешеното против Грција покажа дека е квалитетен. Но, Македонија покажа дека има потенцијал и во минатото да се носи и со поквалитетни репрезентации. Нема предавање однапред.“, рече селекторот Милевски.
Подготовките на репрезентацијата почнуваат на 19. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА