Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски очекува сосема поразличен натпревар против Србија, сега во квалификациите за ЕП 2019, во однос на оној меѓусебен кој го игравме на Европското првенство во Полска а кој заврши без победник, 2-2.
Македонија против Србите игра на 6. октомври на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, а потоа ќе се соочи и со аутсајдерот во групата, Грибралтар.
„Ни претстојат два натпревари против Србија и Гибралтар. Србите се први фаворити за пласман на ЕП, тоа не е само моја констатација, затоа што имаат навистина квалитетни фудбалери од европски фудбалери. Но се надевам дека сите ќе уживаме и секако не се предаваме. Првпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД, игра за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекува“ – истакна Милевски по соопштувањето на списокот репрезентативци.
Милевски очекува сосема поразличен натпревар сега против Србија, во однос на оној кој го игравме на ЕП во Полска во Бидгошч…
„Нема споредби со мечот што го игравме со Србија на ЕП. Ние а сигурно и тие ќе бидеме со многу изменети состави. Во секој случај, кај нас не се менува ништо во приодот секогаш ќе одиме да се надигруваме со сите противници, така ќе биде и со Србија. Елмас и Ѓорѓев ќе играат само со Србија, а после се приклучуваат на А тимот за Лихтенштајн“ – вели Милевски.
Македонија, по средбата со Србија, на 10. октомври ја очекува дуелот со Гибралтар на гости. Билетите за натпреварот со Србија, на 6. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се пуштени во продажба по цена од 150 денари.
Собирот на репрезентативците и првиот тренинг е на 1. октомври од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА