Милевски прозиваше на собирот за дуелите со Белгија и со Казахстан (ФОТО)

Македонската репрезентација попладнево го означи собирот за престојните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија во Гент и против Казахстан во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски, со првата прозивка во хотелот „Хилтон“ во Скопје, го означи почетокот на мини-подготовките.

Репрезентативците ќе имаат само три дена подготовка во Скопје, до 8. октомври за кога е планирано заминувањето за Гент каде на 10. октомври ги очекува пресметката со Белгија. Три дена подоцна во Скопје е и натпреварот со Казахстан.

Се вчитува...