Милевски: Ремито против Италија не е рамно на победа

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно не и дозволи на Италија да се радува на триумф откако одигра 1-1 вечерва на домашен терен во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по мечот вели дека иако реми против Италија е голем резултат тоа не е рамно на победа.

„Ова беше сосема различен натпревар од тој во Палермо. Италија има сосема нов лик и нов селектор. Исто така имаше многу измени и во нашиот состав. Морам да бидам задоволен од тоа што го покажаа моите играчи и од нивната желба со која си го потврдија квалитетот. Квалитет кој никогаш не беше доведен во прашање. Ова реми не е рамно на победа, бидејќи добивме само еден бод. Жал ми е што во првото полувреме одигравме послабо полувреме, во вториот дел функциониравме како што планиравме“, изјави Милевски. 

 

 

Се вчитува...