ЕКИПА во Гибралтар
Македонскиот селектор Благоја Милевски истакна дека освоени се трите бода кои беа планирани за ова гостување во Гибралтар иако селекцијата наиде на несекојдневни услови за игра ретко видени на европските терени…
„Може само да им честитам на момците за залагањето, за пристапот на самиот натпревар и за желбата да се заокружи ова гостување со победа. Кога ќе играте под вакви услови тогаш најважен е резултатот, а се друго оставаме во втор план“ – истакна македонскиот селектор.
На натпреварот шанси добија неколку нови фудбалери, на голот Илиев, а дебитираа и Серафимов и Тодороски…
„И пред почетокот на овој циклус најавив дека ќе има ротации во составот затоа што потребно е да се зачуваат одредени сили во овој јунски собир со четири дуели. Илиев бранеше затоа што настапува во клуб каде се игра на вештачка трева, како што беа условите за игра тука, а е и во натпреварувачка форма. Срефаимов и Тодороски покажаа дека може да се смета на нив и дека се конкурентни во овој состав. Во секој случај јасно е дека сите го дадоа максимумот затоа што на едни вакви натпревари најважни се победите“ – истакна Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА