Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, денеска го објави списокот на репрезентативци за септемвриските натпревари против Саудиска Арабија од пријателски карактер и квалификацискиот со Лихтенштајн на домашен терен.
Милевски напомена дека не смета на неколку играчи поради повреди и поради немање минутажа.
„За жал не може да сметаме на Елези поради повреда на рамото. Ги нема ниту Ашковски, Манев и Бојан Димоски. Се надевам дека ќе се стабилизираат во своите клубови и повторно ќе се вратат во националниот тим. Првиот натпревар против Саудиска Арабија ќе го искористиме за да пробаме некои тактички варијанти. Ќе им дадам шанса на оние кои помалку играат. Што се однесува до мечот против Лихтенштајн, можеби најважен за нас во овие квалификации. Максимално го респектираме ривалот и мора да бидеме подготвени да го дадеме максимумот.“, вели селекторот Милевски.
Милевски ги коментираше и двајцата дебитанти Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун.
„Што се однесува до дебитантите. Решат Рамадани сам се наметна со своите игри во европските купови. Со Елмин Растодер се надеваме дека ќе добиеме квалитетен фудбалер кој ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот.“, кажа Милевски на прес-конференцијата.
Селекторот на националнот тим рече дека селекцијата на Лихтенштајн е сериозна, и дека нема да се билда гол разлика против нив.
„Не верувам дека ќе билдаме гол разлика против Лихтенштајн. Тоа е добро организирана селекција. Најважни се на тој натпревар трите бода, а како ќе победиме и со колку разлика е најмаку важно. Затоа максимален респект имаме кон секој противник, акцентот е подготовката на нашиот тим како ќе изгледа и кој и колку ќе игра, тоа е најмалку важно, туку само трите бода“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

