Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Летонија во натпревар од 5. коло од Ц лигата од новата сезона во најмладото репрезентативно европско натпреварување, Лигата на нации.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски на официјалната прес-конференција даде свое мислење за утрешниот меч кој е со почеток во 20.45 часот.
„Утре не очекува сосема нов меч од оној од Рига и мора максимално да влеземе во мечот за да ја потврдиме добрата форма. Овие момци без разлика на проблемите од клубовите, секогаш за Македонија го оставаат тоа зад себе и даваат максимум. Го имаат мојот респект. Нивниот карактер е на највисоко ниво и секогаш даваат се од себе на тренинг во клубовите. Тие се во свој филм кога играат за Македонија и забораваат на се. Секој си има свој план, фокусот е како ние ќе одиграме. Подготвени сме и се ќе зависи од нас самите, самите си одлучуваме и целта е првото место“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА