Селекторот на македонскиот национален тим Благоја Милевски, по натпреварот со Ерменија вчера во Скопје и победата од 2-0, одговори на критиките од некои поранешни репрезентативци како и од јавноста, која не штедеше напади после ремито со Фарски Острови.
Милевски рече дека коментарите не ги чите и дека не го интересираат, иако нема против некој да коментира јавно и да критикува.
„Секој си има целосно право на социјалните мрежи да си напише што сака, и коментари и критики. Јас немам социјални мрежи и не читам. Ниту ме интересираат коментарите, ниту ги читам. Целосно сум посветен на мојата работа, и на тоа како да ја подобриме репрезентацијата. Можеби на тоа некому му пречи, но едноставно јас сум таков и нема да се менувам“, рече Милевски на прес-конференцијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА