Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски изрази задоволство од победата против Црна Гора на пријателскиот натпревар, но нагласи дека може да биде задоволен и од играта на репрезентативците.
Новата генерација на Милевски славеше со 2-0 против Црногорците во натпревар во кој бевме очигледно поквалитетни од противникот.
„Може да кажам дека сум задоволен и од играта и од резултатот на натпреварот. Момците одиграа максимално концентрирано во текот на целиот меч, онака како што се договоривме. Секако, секоја победа е важна без разлика дали е на пријателски натпревар. Затоа што на ваквите тест дуели се гради и победничкиот менталитет, и односот кон националниот дрес и начинот на кој треба да се однесувате кон играта. На натпреварот исто така ми беше важно да снимам одредени детали од играта на кои ќе треба да се обрне внимание во иднина“ – истакна Милевски по триумфот над Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА