Селекторот Благоја Милевски, без сомнение, подготви извонредна тактичка поставеност која ја донесе Македонија до голем бод против Белгија во квалификациите за СП 2026, продолжувајќи ја серијата без пораз.
Но, македонскиот селектор веднаш по мечот потенцираше дека може и да жалиме што не успеавме да дојдеме до целиот плен на мечот затоа што го заслуживме.
„Сите заедно заслуживме и малку повеќе од овој натпревар. Горд сум на овие момци од начинот на кој демонстрираа игра и квалитет против еден ваков противник, но секако дека може и да жалиме зошто не дојдовме до победата која ја заслуживме“ – рече Милевски и дополни:
„Уште од поодамна кажувам дека ние го имаме силниот тимски дух кој не носи на секој натпревар, и тоа е пресудно. Немаме време многу да анализираме, немаме време ниту за еуфорија против еден ваков бод против една од ТОП 10 селекции во светот, немаме време ниту за разочарност…, затоа што веднаш се фокусираме на Казахстан. А, Казахстан веројатно е клучниот натпревар, најважниот за нас во овие квалификации“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

