Милевски со двајца дебитанти, се враќа и Фазлагиќ за дуелите со Шпанија и со Ф. Острови

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за квалификациските натпревари против Шпанија (14. ноември) и Фарски Острови (19. ноември) од квалификациите за Европското првенство 2021. година.

За двете гостински пресметки нашиот стручен штаб ќе смета на следните фудбалери:

„Имаме две измени во однос на претходниот список. Марио Крстовски и Милош Тошевски не се повикани за овие два натпревари, но тоа не значи дека за продолжението од квалификациите нема да сметаме на нив. Не радува тоа што се враќа Енис Фазлагиќ и веќе има минутажа за својот клуб Жилина, а во тимот дебитанти се Сефер Емини од Македонија Ѓ.П. кој е стандарден во својот клуб и мислам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во репрезентацијата и Адријан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години. Двајцата дебитанти се родени 2000 година што значи дека имаат право за настап и за следниот квалификациски циклус. Всушност, седуммина во нашиот тим се од генерацијата 2000. Не очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за квалитетите на шпанската селекција. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревари. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кои се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“ – изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

Подготовките ќе се реализираат во Шпанија, од 11. ноември до натпреварот во Алкоркон на 14. ноември во 19:45 часот.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕСМЕТКИТЕ СО ШПАНИЈА И СО Ф. ОСТРОВИ

Се вчитува...