Селекторот Благоја Милевски со најавениот состав ќе се спротистави на Белгија вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во третиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2026.
Македонската селекција, во формација 3-5-2, ќе биде со Елиф Елмас и Бојан Миовски во нападот, а со поддршка веднаш во позадина и капитенот Енис Барди.
Пред голманот Столе Димитриевски, ќе биде тројката централни дефанзивци Висар Муслиу, Ѓоко Зајков и Андреј Стојчевски кој добива шанса од селекторот, заедно со Езѓан Алиоски и Бојан Илиевски на крилните дефанзивни позиции.
Во средниот ред, ќе бидат Јани Атанасов и Тихомир Костадинов од првата минута, на местото на повредениот Исник Алими, кој не може од старт да одговори на предизвикот за првиот јунски натпревар.
Белгијците, пак, ќе бидат со своите најголеми ѕвезди. Во нападот Лукаку и Доку, а во средниот ред носителот на играта Кевин Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

