Милевски со повик и за Едиз Спахиу од Тиквеш за собирот на младата репрезентација

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски се одлучи за дополнување на списокот репрезентативци за престојниот јунски собир и пријателски натпревар со Словенија во Терме Чатеж и за младиот офанзивец на Тиквеш, Едиз Спахиу.

20-годишниот Спахиу одигра извонреден натпревар за Тиквеш во денешната победа од 1-0 против Силекс за влез во Првата лига, постигнувајќи го единствениот погодок на мечот за место во елитата.

„Едиз Спахиу со игрите оваа пролет, но и изданието во денешната бараж-пресметка со Силекс, сам заслужено си го обезбеди повикот. Па, од утре ќе се приклучи на стартот на подготовките на младата репрезентација“ – ни изјави Милевски, кој на арената „Тодор Проески“ го следеше натпреварот меѓу Тиквеш и Силекс.

Подготовките на нашата млада репрезентација започнуваат утре со првиот собир и тестовите за сите повикани на Ковид-19, а ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза ќе биде од 26. до 29. мај, по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреварот со Словенија на гостински терен кој е закажан за 3. јуни во Терме Чатеж.

„Од 26. до 29. мај дел од повиканите фудбалери ќе бидат вклучени во селективната фаза од подготовките, а главниот дел ќе го одработиме до контролниот натпревар против Словенија на 3. јуни во Терме Чатеш. Се одлучивме на овој чекор од причина што дел од фудбалерите кои беа со репрезентацијата на собирот и тест мечевите во Турција не покажаа доволен квалитет, посебно во одбраната и затоа сме принудени да бараме поинакви решенија. Според планираното во Словенија ќе патуваат најмногу 24 фудбалери“ – истакна претходно селекторот Милевски.

За репрезентативниот собир на младата селекција, Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА ШТИП), ДАМЈАН СЕРАФИМОВ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР АНЃЕЛКОВСКИ (РЕНОВА), ИВАН НИКОЛОСКИ (ВЕЛАЗЕРИМИ 77);

ОДБРАНА: ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР ЃУРКОВСКИ (ВАРДАР), ГЕОРГЕ ЈАНКУЛОВ (ЖЕЛЕЗНИЧАР ПАНЧЕВО), ФИЛИП АНТОВСКИ (СЛАВИЈА СОФИЈА), МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (БОТЕВ ПЛОВДИВ), МЕТЈУ БОЖИНОВСКИ (МЕЛБУРН ВИКТОРИ), МАРКО СТОЈЧЕСКИ (ТЕЛЕОПТИК), БОЖИДАР МИТРЕВСКИ (ТЕТЕКС), БЕСИР ИСЕНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ), АРДИАН БЕЌИРИ (ДРИТА), АНАТОЛИЈ ПЕТЕЈЧУК (ВАРДАР);

СРЕДЕН РЕД: АГОН ЕЛЕЗИ (ВАРАЖДИН), БОЈАН ДИМОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), БЕСНИК ФЕРАТИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), ЕНИС ФАЗЛАГИЌ (ЖИЛИНА), ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА), ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ), ТОМЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ (ЗЛАТЕ МОРАВЧЕ), ЛУКА ЗДРАВКОВСКИ (КОМ), ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС);

НАПАД: МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (ВОЖДОВАЦ), МАРИО ИЛИЕВСКИ (СЕПТЕМВРИ СОФИЈА), МЕТОДИ МАКСИМОВ (РАБОТНИЧКИ), АРБИ ВОША (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), ЈАКУП БЕРИША (ШКУПИ), АМЕЛ РУСТЕМОСКИ (ГРАСХОПЕР), ЛУКА ТРАЈКОСКИ (БОРЕЦ ).

 

Се вчитува...