Селекторот на младата репрезентација, Боби Милевски вели дека Србија е главен фаворит во групата каде е и Македонија за пласман на ЕП 2019.
Сепак, пред меѓусебниот дуел во петок во Скопје, Милевски смета дека и новите фудбалери во националниот состав имаат потенцијал да бидат конкурентни, и секако да атакуваат на позитивен резултат во петок…
„Репрезентацијата на Србија важи за главен фаворит во нашата група за пласман на ЕП во Италија. Тоа го тврдам бидејќи во оваа група влегуваат од првиот шешир од здребката, уште причина е тоа што нивната селекција содржи млади фудбалери кои играат во топ петте лиги во Европа, а секако да не ги заборавиме академиите на Црвена звезда и Партизан. Сепак, тоа не треба да не загрижува, знаеме дека мечот е биде тежок, но ние сакаме да прикажеме квалитетен фудбал. Покажавме на претходните, покажуваме и низ овие квалификации дека имаме потенцијал да бидеме конкурентни“, вели Милевски.
Младата репрезентација на Македонија овие квалификации ги започна со голема победа над Ерменија со 3-0 на гостински терен, а селекторот Милевски смета дека во стратегијата која носи рзулатати не треба да се менува ништо.
„Откако овој стручен штаб работи со младата репрезентација, ја применува филозофијата која досега функцуонираше. Без разлика дали играме на домашен или гостински терен, поставеноста е иста, нема потреба да менуваме ништо. На секој натпревар одиме да се надигруваме, не е важно кој го имаме за противник, да ја играме нашата игра. Нормално е да оствариме и некој негативен резултат, не секогаш стратегијата успеа, но најважно за нас е секој поединечно да го даде својот максимум, да одиграме со срце за нашата земја. Јасно е дека не можеме да се потпреме на индивидуални квалитети, но затоа од друга страна имаме тимски дух, па ако функционираме како тим против селекцијата на Србија, можеме да се надеваме на позитивен резултат“, истакна Милевски на денешниот брифинг со македонските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА